Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени шест лица огранизирале и играле “комар“, 31 возач возеле побрзо, 27 возеле побрзо

Вчера (03.09.) полициски службеници од СВР Битола – ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план “Безбедно лето“,  по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата две лица од Битола на возраст од 39 и 26 години незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул “Караорман” во Битола. При претресите затекнати се  четири лица на возраст од 32м 50, 47 и 36 години и двајцата организатори, сите од Битола. Лишени се од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 “комар“.

Вчера (03.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 31  возачи. Од нив 25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 6 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Во текот на изминатата вечер (03/04.09.2022)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 27 возач. За време на контролата биле санкционирани и 25 останати прекршоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »