Press "Enter" to skip to content

“Трчај бе“ во Битола, спортски празник со околу 1.400 учесници, низ 100 фотографии

Точно, како и беше навено, во 8,00 часот, наспроти саат кулата на улицата покрај реката Драгор во Битола, стартуваше првата трка на 5 километри од “Трчај бе“, а потоа на временска разлика од десет минути старуваа  натпреварувачите од втората трка на 10 и 21 километри, прво тргнаа најсерозните натпреварувачи на 21 километар. На трите трки во Битола, “Трчај бе“, зедоа учество околу 1.000 пријавени, трчаа поединечно, во групи, или како дел од битолски компании кои заедно во оваа прилика правеа team building activities. Ќе ги споменеме  “Плодност“, Стопанска банка Битола, “ЈК Травел“, “СН“ компаниите, аптека “Роса Вита“, Битолањуз, “Кромберг и Шуберт“, синдикатот на РЕК Битола, “Карпатија,“ Славјански унститут“, “Таскфорс“, Горната Гимназија…Стартот со истрел од пиштол го означи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој за оваа трка “Трчај бе“ и ги поздрви сите учесници, организаторот и битолчани., а Никола Димитровски кој беше организатор на трката ни рече:-Имаме 1.400 учесници од 12 земји, што за нас е голем успех. На сите кои се присутни утрово тука сакам да им посакам добра забава, на сите гости во Битола убав престој во напиорт град, а секако на сите натпреварувачи во трите категории “лесни нозе“, со успех да ја истрчаат зададената патека и секако најдобрите да победат.На трката  во Битола, се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, односно сегашни и бивши рекордери и шампиони на патеките од 1.500 метри, па се до маратон.

Тука беа и двата македонски рекордери на 5.000 метри, поранешниот кој 30 години го држеше рекордот Стевче Георгиевски и сегашниот сопственик Дарио Ивановски.Но, сепак најбројни беа рекреативците и оние кои трчаат 5, а ги имаше од сите возрасти и професии, спортисти, професори, бизнисмени, ученици – основни и средношколци, студенти, политичари, рекреативци…Оние поодважните и подобро подготвени им кои секојдневно тренираат на 1о километри. Секако најподготвените тргнаа да трчаат полумаратон на 21 километар.Трката помина во одлична организација, за што организаторите добија пофалби од сите, а за среќа немаше ни повреди на учесниците.-Одлична манифестација, иако е рано утро сепак гледате колку има учесници и публика. Јас сум можеби највозрасниот натпреварувач, истрчав 10 километри, и сакам да упатам апел сите да трчаат, цела година, не само на трката, а тука до година да бидеме 2.000 битолчани, ни рече Ристо Акимовски – Ачимо од Битола, кој има 69 години.Акимовски и ветераните како него докажаа дека дека со спортски дух  и добра кондиција  годините немаат значење.-И годинава на почетокот на септември, продолжуваме со нешто добро за Битола кое еве продолжи да живее и да собира голем број битолчани. Можам само да ги пофалам организаторите за тоа што ова го организираа и мотивираа толку луѓе. Еден од оние кои се мотивираа сум и јас, ни рече Наташа Грамоски кој редовно трча на оваа трка.Покрај спортскиот дел, учесниците имаа и прилика да се дружат, да се забавуваат, а за забавниот дел  се погрижија тандемот водители  на трката „Трчај бе“ актерите Николче Пројчевски и Марјан Горгиевски.Тие со одлично подготвена приграма, како и секоја години, ги мотивираат натпреварувачите и ја забавуваа публиката на плоштадот кај Саат кулата, а загревањето го направи за сите натпреварувачи Зоран Лазаревски – Паљото.Дел од денешниот спортско – забавен хепенинг е и дополнителната музичка програма по патеките, на главната сцена настапува групата „Љубојна“, а низ фотографиите пренесуваме  дел од атмосферата и како се одвиваше трката денес недела во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »