Еурофарм Пелистер – Нексе 27:23 (12:13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија третото место на завршниот турнир на СЕХА лигата, и со бронза се враќаат во Битола. “Пелистерци“ во “малото финале“ во Задар го совладаа хрватскиот вицешампион Нексе од Нашице со 27:23, полувреме 12:13.
Првото полувреме започна со многу грешки и мал број на голови. Хрватите диктираа темпо и поведоа со 2:0, 4-2 и 5:3. Следеше позитивен период за битолчани и 7:7 во 20. минута, потоа и водство на Еурофарм Пелистер. На одмор се замина со 13:12 за Нексе.
“Пелистерци“ одлично го отворија вториот дел и наравија +1 (15.14), а потоа беше и +3 и +4 во 43. минута. Пешевски и Танкоски постигнаа значајни голови, а Лесјак одбрани уште еден зицер и битолчани со комотни 25:20.Со многу искуство и без драма пелистерци го приведоа натпреварот кон крај за славје од 27:23.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Хосни со шест и Радовиќ со пет гола.