Press "Enter" to skip to content

За три дена во Битола 22 нови позитивни на ковид-19, оздравени 37 активни 110 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 02.09 до 04.09.2022), направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 22.

Регистрирани сe 412 оздравени пациенти од  Битола се 37.

До сега во Битола има 17.811 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 110 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (02.09 – 04.09.2022) пријавени се 4 починати лица, нема од Битола.

Направени се во Битола 67 тестови преку ЦЈЗ Битола 56 и преку “Плодност“ 11.

Досега во земјата се направени вкупно 2.154.094 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.948, бројот на оздравени пациенти е 330.153, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.296

More from ВестиMore posts in Вести »