Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: фатен бегалец од затвор, физички напад и сообраќајни контроли-16 возачи возеле побрзо

 
На 05.09.2022 во 00.05 часот на ул. „8-ми Септември” во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 27 годишник од Битола. Тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Битола. По приведувањето, тој бил спроведен во установата за доиздржување на казната.На 05.09.2022 во СВР Битола, Ѓ.В.(29) од Битола пријавил дека на ул.„Караорман” во Битола бил физички нападнат од С.В., кој употреби и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.09.2022 во СВР Битола, Ѓ.В. (29) од Битола пријавил дека на ул.„Караорман” во Битола бил физички нападнат лиц кое при нападот употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден (04.09.2022) на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 16 возачи. Од нив 11 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 5 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци

More from ВестиMore posts in Вести »