Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: “Teen“ депресија, депресивност и состојба на тага

Во период на тинејџерските години и адолесценција кога најголемиот дел сакаат  да се осамостојат, а најголемиот број дел од родителите во нив препознава трансформација од послушно и примерно дете кон непослушно, бунтовно и недисциплинирано дете. Во тој ризичен период обично може да се јави депресија, или депресивност  како емоционална состојба која се  карактеризира со: тажна општа состојба, чувство на безвредност, повлеченост и несоница, промена во апетит и намалена концентрација.

Депресија и депресивност

Потребно е да се направи разлика помеѓу депресија и депресивност. Депресијата е болест, а депресивноста е состојба, а не болест. Депресивноста е најчеста состојба кај тинејњерите и адолесцентите и   појава, која не мора да има психопатолошка значајност, таа е најчесто минлива. Карактеристиките  на депресивниот тинејџер или адолесцент е што нема мимичка експресија на депресивна возрасна личност.

Тој најчесто и не бара емпатија и не се прифаќа себеси како депресивна личност. Може да биде бунтовен, агресивен, а  под тоа да се кријат чувствата на депресивност, тага и потиштеност.

Карактеристики на депресија

Депресија е здравствена состојба која предизвикува одредени психички и физички промени во организмот. Во просек се знае дека секој адолесцент во одреден момент од животот, страдал од депресија, но 70% од нив не добиле соодветен третман и терапија. Доколку тинејџерската депресија не се лечи последиците можат да бидат опасни и да завршат со самоубиство.

Како се манифестира

Најчести знаци на депресија е тагата, (без некоја сериозна причина), промена на навиките и честа несоница. Но, депресивните тинејџери покажуваат и знаци на екстремна анксиозност, се жалат на болки во стомакот и главоболка, и најчесто посегнуваат по дрога и други психотропни супстанци, алкохол.

Дијагноза на teen – депресија

Дијагнозата се темели на должината на траењето на тие симптоми и влијанието на тие симптоми врз неговото однесување и развој.

Лекување на teen – депресија

Треба да се знае дака  teen – депресијата се лекува. Третманот на лекувањето вклучува лекови против депресијата со која се ублажуваат симптомите, или бихејвиорална терапија која се заснова на разговори или совети со кои се укажува како тинејџерите да се справат со проблемите.

Лековикои вообичаено се препорачуваат се антидепресиви со серотонин. Доколку истите не вродат со резултат или доколку постојат посеризни клинички знаци на депресија во тој случај се препорачува и болничко згрижување.

Во суштина постојат повеќе начини за лекување на депресијата:

Фармакотерапија: лековите обично ги препишува психијатар и педијатар после неколку дневен детален преглед;

-Алтернативната медицина: препорачува секодневно користење на чај од кантарион со цел ублажување на симптомите од депресија.

-Психотерапија; KBT конгенитивно-бихејвиоралната терапија, се покажала како интерперсоналана терпија која дава одличен резултат во лекувањето на депресијата;

-Комбиниран третман – психотерапија и фармакотерпија, која се применува при потешки клинички знаци на депресија.

-Електроконвулзивна терпија (терапија со елктрошокови – ECT) се применува кај пациенти со суицидни мисли и кога вообичаениот третман не може да даде сериозни резултати.

Самоубиства кај тинејџерите како резултат на депресија

Доколку депресијата не се лечи најголем дел од тинејџерите посегнуваат по самоубиство. Самоубиствата се трети причински фактори за смртност кај младите луѓе. Истражувањата покажуваат дека со пандемијата бројот на самоубиства е зголемен и во Европа бројот на деца и тинејњери во претходната година бил 46.000, а во овој регион над 1000 случави.

Механизми на самоконтрола

Кои се препорачуваат и кои треба да ги  применуваат тинејџерите со цел да се елиминираат првичните знаци на депресивност: спортски активности, јога, читање книги кои ги интересираат, позитивна комуникација, добар сон, игра и забава, често излегување во природа, практикување на т.н екотерапија (алтернативна метода која препорачува почесто излегување и активности во природа.