Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер победија во Чегране против Арсими

Арсими – Пелистер 0:1 (0:0)

Во рамките на 3. коло од Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на Пелистер од Битола, гостуваше во Чегране, против екипата на Арсими.

Фудбалерите на Пелистер во Битола се враќаат со нови три бода од гостувањето, победија со 0:1, полувреме 0:0, а голот за “пелистерци“ го постигна Сашко Дуков, во 60 минута.

По три одиграни кола Пелистер има две победи и едно реми, кое го одигра на домашен терен, во 2. коло, а како истакнуваат од клубот за тие два бода од планираните три, можат само да жалат.

More from ВестиMore posts in Вести »