Во Тетово, во “Голден бол“ клубот се одигра 5. турнир од Државното првенство во Американски пул билјард, а се играше дисциплина “8-ка“. Битола оваа година е претставена со четири натпреварувачи од вкупно 16, колку што се натпреваруваат во “А“ дивизијата, а таа бројка е за поздравување.
Најдобро пласиран битолчанец на 5. турнир беше Христо Василевски кој што го освои третото место и бронзен медал, а Димитар Симовски беше за него солидното петто место.
Тино Бојаџиев и Илче Трајковски потфрлија на овој турнир и со тоа го расипаа својот пласман на табелата во генералниот пласман, но за забележување е дека сите билјард играчи се во безбедна зона иако има уште два турнири за играње, и догодина повторно ќе настапуваат во “А“ дивизијата.
-Петтиот турнир во Американски пул билјард се одигра во “Голден бол“ клубот во Тетово, ко е во сопственост на Ибро Садики и Јасин Медиу, добро познати ликови во билјардската фела во Македонија кои како и секогаш се покажаа како одлични домаќини. Кога сме кај играчите од тетово . Двајцата сопственици и сите играчи од Тетовскиот клуб, се наши добри пријатели, вели Горан Думевски – Панчо, кој за битолските билјард играчи додаде:
-Ако се земе предвид дека покрај во “А“ дивизијата“ и во второто во ранг натпреварување “Б“ дивизијата, водечките двајца се битолчани и со сигурност влегуваат во Првата лига тогаш слободно можеме да констатираме дека Битола е нај билјарскиот град во Македонија.