Press "Enter" to skip to content

Ангела Илиевска од Битола ја претстави својата прва песна “Birao si kraj“ и спотот за неа (фото+видео)

Ангела Илиевска, млада пејачка од Битола, деновиве ја претстава нејзината прва песна и видео спот за неа, насловена “Бирао си крај“, за која, како рече на почетокот на разговорот, има вложено многу труд, заедно со нејзиниот тим со заедно ја подготвија од почеток до самиот крај на усовршувањето на песната.-“Birao si kraj“ e една балада која е снимена во нашето студио, текстот е напишан од страна на српскиот текстописец Милан Бојович- Бојо, музиката од Александар Срб и Милан Бојович- Бојо, аранжман од страна на мојот татко Игор Илиевски, а за совршениот спор се погрижи продукција “Dream Cast Production“, Александар Котевски и Стојанче Цавироски, вели младата битолчанка Ангела Илиевска, која за очекувањата од оваа песна додава:

-Песната е испеана на српскохрватски јазик, а спотот е снимен во Офицерскиот дом во Битола. Моите очекувања за овој прекрасен почеток се исполнети и сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во овој успешен проект. Посебна благодарност до мојот татко Игор Илиевски и моето семејство кои ми се најголемата поддршка и мотивација за се, сите мои пријатели кои се до мене од самиот почеток. Упорноста секогаш ќе биде исплатена, затоа верувајте во себе и никогаш не се откажувајте од своите соништа.Ангела се надева дека на публиката ќе и се допадне нејзината прва песна, и додава публиката да биде подготвена за нови изненадувања и нови проекти.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »