Во текот на денешниот ден директорката на ЈП “Комуналец“ Битола, Гордана Наумовска, изврши работна средба со одговорните лица на депонијата “Мегленци“, каде определен период се вршат зголемени активности на подготвување на теренот на депонијата, за депонирање на отпад во престојниот зимски период, информираат од ова јавно претријатие и додаваат:

-Како дел од активностите околу одржување на депонијата, посебно се дава важност за одржување во зимски услови. За таа цел, на депонијата Мегленци, донесени се преку 1500 метри кубни земја со цел насипување на отпадот и преку 700 метри кубни тампон, наменет за проширување и одржување на патиштата по кои се движат возилата.