По повод 78 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, на местото каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“.Денес свежо цвеќе положија Градоначалникот на општина Битола,Тони Коњановски, советници од Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци и политичките партии.
На 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.
Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него.
По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот. Денешниот ден е спомен за хероите, кои несебично ги дадоа своите животи за слободата на Македонија.

Кај споменикот кај “Црн Мост“ одбележани 78 години од бегството на политичките затвореници
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
- Битолчанка измамила лице од Тетово да и даде лична карта и трансакциска сметка, а потоа му подигнала брз кредит
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025