Press "Enter" to skip to content

Библиотеката и ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ го одбележаа Светскиот ден на борба против неписменоста

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Битола и ООУ „Ѓорѓи Сугарев“  Битола го одбележаа Светскиот ден на борба против неписменоста. На настанот беа присутни м-р Фатма Бајрам Аземовска, Ферзија Асаноска – дипломиран економист (образовен медијатор), Филиз Алиу – дипломиран правник (образовен медијатор), Мелиса Комина – студент на Високата Медицинска школа, заедно со учениците од 8 одделение.

На средбата се разговараше за важноста за образование, како услов за интеграција на Ромите во општеството. Присутните дипломирани Ромки зборуваа за нивниот пат како дипломираа, пречки со кои се соочија и како ги надминаа.

Во текот на работилницата се зборуваше и за моќта на читањето да се реализира во потполност и за да може секој од нас да си најде прибежиште, сон, знаење. Во ова време читањето е толку скапоцено, нашата заедничка заложба за поврзување со и во читањето го добива своето вистинско значење.

Меѓународниот ден на писменоста се прославува низ светот на 8 септември за да се потенцира писменоста „како човеково право, како сила за достоинство и како основа за смирување на општествата и одржлив развој.М-р Фатма Бајрам Аземовска на одбележувањето на денот рече:

-Ни треба поголема инвестиција и поефективни политики за да вградиме акција за писменост во рамките на пошироките развојни политики, програми за образование на возрасни, акредитирани скратени програми за описменување, со поддршка на иновативни механизми кои генерираат позитивни синергии во сите политички области, кои се од витално значење за градење на повеќе праведно и кохезивно општество.

Од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години, 1.461.295 се писмени – од кои 721.734 се мажи и 739.561 се жени. Неписмени се 18.897 од кои 5.517 се мажи и 13.380 се жени.

Над 95 проценти од резидентно население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18.897 се неписмени. Поголемиот дел од писменото население се жени, но и над две третини од тие што се неписмени. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите според податоците од 2021 година. 

More from ВестиMore posts in Вести »