Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ го победија Скопје, натпреварот лесен тренинг за Супер купот во Охрид

Еурофарм Пелистер – Скопје 32:17 (17:6)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500
Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкулоски

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Ојлески 5, Маџовски, Кузманоски 3, Стоилевски 3, Радовиќ 1, Танкоски 4, Костески 6, Дејвис, Кукоски, Васиљев 1, Суси, Пешевски 1, Сери 4, Пав. Атанасијевиќ 4

Седмерци: 4/3, исклучувања: 6 минути

Скопје: Мишелиќ, Чакариќ, Тркалевски 1, Јакимовски 1, Радовановиќ, Митиќ, Христов, Пешкирски, Стојановски, Киселовски 5, Трајкоски 2, Блажевски, Грујовски 1, Трајковски 4, Бајрактаревиќ 3

Седмерци: 4/3, исклучувања: 10 минути.И екипата на Еурофарм Пелистер денес во Битола, ја отвори новата домашна ракометна сезона, победувајчи ја екипата на Скопје, во натпревар, кој беше само лесен тренинг пред Супер купот, кој ќе се игра во Охрид, во недела против Вардар. Овој натпревар беше и последниот натпревар од првото коло, во “Б“ групата. На стартот на натреварот во првите 10 минути “пелистерци“ играа цврста одбрана и примија само еден гол. Нападот лесно се организираше, а предноста од минута во минута растеше и во 21. минута достигна двоцифрена разлика. Првиот дел заврши со разлика од +9 за Еурофарм Пелистер, 17:6.Второто полувреме започна со многу грешки кај домаќинот, кој не постгна гол шест минути. Потоа следуваше одлична игра која им донесе на “пелистерци“ разлика и до +15 гола. На крајот вицешампионот славеше со 32:17. Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Костески со шест и Ојлески со пет гола.

More from ВестиMore posts in Вести »