Во хотел “Милениум“ и на Правниот факултет во Битола, деновиве во рамки на проектот АНЕТРЕЦ „Академска мрежа за поддршка на политиките на ЕУ кон Западен Балкан со акцент на регионалната соработка базирана на помирување“ Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола организира Летна школа.На оваа Летна школа учествуваа студенти и професори од 10 универзитети и истражувачки институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.
Целта на оваа школа е младите луѓе да ги споделат своите искуства, знаења, идеи за прашања поврзани со процесот на помирување како еден од предусловите за ефикасна реализација на политиките на ЕУ кон Западен Балкан, како и за задржување на мирот , стабилноста и напредокот во регионот.

Правниот факултет организира летна школа за студенти и професори од 10 универзитети (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски
- Пораз на Еурофарм Пелистер, Алкалоид со прва победа во Битола (фотогалерија)