Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: загина пешак кај “Боримечка“, нападнато обезбедување во фабрика, приведен дилер на марихуана, каснувања од кучиња скитници

На 06.09.2022 во 11.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Македонски гемиџии“ кај железнички премин за населба “Боримечка“ во Битола, товарно моторно возило “волво“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од 43 годишно лице од Демир Хисар, удрило во 55 годишен пешак од Битола. Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, информираат од МВР.

На 06.09.2022 во 11.20 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица од Битола на возраст од 35 и 36 години. Тие со остар предмет  нападнале  46 годишно лице од Битола, кој бил на работното место обезбедување во фабрика во Битола, при обид да ги спречи да извршат кражба во објектот. Тие биле приведени во полициска станица и целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Битола , ПС од ОН Битола лишиле од слобода 25 годишник од Битола, кај кого е пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица Битола и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

На 05.09.2022 во СВР Битола, Т.Т. (68) од  Битола пријави дека на ул.„Индустриска“ во Битола бил каснат од куче скитник

На 07.09.2022 во СВР Битола, Н.Т. (43) од Битола пријавил дека во градскиот парк во Битола бил каснат куче скитник.

На 06.09.2022 во СВР Битола, С.С. (73) од Битола пријавил дека на ул.„Христо Ботев“ во Битола бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »