Со одлука на Извршниот комитет каде што се донесе одлука граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум, денес во Битола започна собирањето на потписи.-Оваа и наредната недела ќе собереме најмалку 100 квалификувани потписи со што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието. Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата, по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум, стои во соопштението на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а за референдумското прашање стои:
-Референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди ИК на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?
Во Битола започна собирањето на потписи, а први се потпишаа градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски и претеничките во македонскиот парламент Олга Лозановска и Силвана Ангелевска.

ВМРО-ДПМНЕ го започна собирањето на потписи за распишување на референдум
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени