По повод денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, денеска пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници од Советот на општина Битола, Сојузот на борци и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ПОДЕМ.Градоначалникот Коњановски, испрати честитка до сите граѓани на Република Македонија:
-На овој голем ден се потсетуваме на идејниот и борбен влог на секој поединец, на секој Македонец, кој години наназад сплотувајќи ја својата мудрост и храброст со своите сограѓани и соборци, давал личен придонес во создавањето на македонската држава. Борејќи се против окупаторските стеги и асимилаторските политики, нашиот народ, ја достигнал слободата, а пред 31 година, со референдумското ДА, како Македонци потврдивме дека нашата желба и заложба е да живееме во самостојна, суверена и независна, Република Македонија.
Денес, во ова тешко време, соочени со економски и политички предизвици, наша должност е да го сочуваме она за што се бореа генерации пред нас и преку заедништво и сплотеност, да создадеме подобра иднина за генерациите кои доаѓаат.
Зачувувајќи ги нашите идентитетски обележја, преку добро управување и градење пријателства, да работиме на Европските и светски перспективи, во економска, културна и политичка смисла.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! ДА ЈА СОЧУВАМЕ САМОСТОЈНОСТА, СУВЕРЕНОСТА И НЕЗАВИСНОСТА НА НАШАТА ДРЖАВА!“, порача Коњановски.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2022/09/8-2.jpg?fit=1000%2C653&ssl=1)
Одбележан 8. Септември, денот на независноста на Македонија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)