Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата на Владо Ѓоревски “Атланти и Хипербореа“ – ликовна симфониска поема (фотогалерија)

Денеска во галерија “Исток“ на Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата “Атланти и Хипербореа“ на ликовниот уметник и познавач на ликовната уметност Владо Ѓоревски, која авторот ја нарече и ликовна симфониска поема и неа се изложени педесетина дела: графики во голем формат, слики и рељефни скулптури.Изложбата за отворена ја прогласи директорката на Културно информативниот центар – Битола, Лили Бошевска која на почетокот реле дека повод за отворање на изложбата е денот на независноста и сувереноста на Македонија и македонскиот народ.-Оваа ликовна изложба на нашиот сограѓанин, Владо Ѓоревски, ликовен уметник и одличен познавач на ликовната уметност е еден вид ликовна симфониска поема, составена од четири делови, ставови. Поточно, таа е еден расположен, ведар Реквием, посветен на 21 –от век, кој што уште во самиот свој почеток, безизлезно заринка. За оваа несекојдневна изложба, авторот на отворањето рече дека иктатура на визуелниот и вербалниот линч, распространет низ целиот, свет како распеан реквиемариум за нашите дефинитивно изгубени судбини.-Опседнат со својата техничка, технолошка, самозаљубеност, егоцентричност, самоувереност, императорска патологија и скоро убеденост во надбожјето што го носи со целата таа планетрана технолошка бофолштина. Навистина и другите векови не биле подобри, никогаш и ништо не се менувало, но, барем, порано, луѓето ја гледале, ја допирале земјата или го распознавале небото. Денес сите гледаме во пластичните екрани, опседнати, хипнотизирани од диктатурата на сервираната банална, досадна вистина – виртуелна, нестварна и ужасно тривијална, постојано фабрикувана од еден центар-апсолутна и единствена вистина, за сите времиња и за сите безвремиња, рече Ѓоревски и додаде:-Изложбата е посветена на Фернардо Песоа, кој на португалски значи – Ништо, поетот со десетици хетероними и исто толку разновидни генијални поетски опуси. Човекот кој што на почетокот од 20 – от век кажа и докажа дека секој човек е своја вистина и дека вистини постојат колку што постојат чувства, соништа, мисли, живеења. Кажа, напиша и си замина, знаејќи дека ќе дојди време кога на никој нема да му биди грижа за неговото Ништо, во ерата на пластичната светлина и неонско виножито… Стилската хетерогеност е контрапункт на секојдневниот канибализам од потоп на слики и истрошени зборови.На изложбата присутни беа и ученици од Гимназијата “Јосип Броз Тито“, од уметничката насока, со својот професор, Александар Поповски.                                                 

Ж.Ристевска                  Фото: Дамјана

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »