За битолчани, кратко и јасно, секако без отривање на идентитот, за случувањата пишува и не присетува, кој друг ако не, Златко Кекел Самрџиев, сведок на сите случувања во Битола, во изминатите 40-тина години, кој работел во најпознатите кафулина во тој период.
-Успешен петок на сите Битолчани и пошироко, започнува Кекело:
После бурна саботна ноќ, со пиење и јадење, се како што носи редот, се прибира дома кај три и пол недела сабајле. Влегува дома во куќата и се проверува по џебовите – нема цигари.
Излегва на џамот и почнува да вика на цел глас по комшијата, куќата до неговата:
-Комшија, еееееј, алоооо, комшијаааа…
Комшиските кучиња почнуваат да лаат, будни се веќе пет шест куќи околу. После две три минути викање, и лаење, излегва комшијата на џамот каршија.
Сиот буновен, проба да се фокусира и свати што станува, можеби гори некаде, или земјотрес има можеби. Триејќи ги очите, го гледа комшијата и го прашува:
-Шо е бе, шо си се развикал, кај гори?
-Абе, имаш цигари?
-(збунет) Имам.
-Шо цигари имаш?
-Родео меко.
-Родео? Аман бе… Ништо, ој легни си (затвора џамо).