Пелистер – Гостивар 1:3
Во рамките на 4. коло од Втората фудбалска лига во Битола, под Тумбекафе, екипата на Пелистер е поразена од Гостивар, екипа директен конкурент за пласман во Првата фудбалска лига.“Пелистерци“ први поведоа со 1:0 со голот на Сашко Дуков од пенал во 26. минута од натпреварот, а потоа дојде до резултатски пресврт и Гостивар поведе со 2: со головите на Калановски и Рамадани.
Во второто полувреме фудбалерите на Пелистер се обида да дојдат до израмнување, но гостите се одрбанија и постигнаа и трет гол за победа од 1:3 во Битола.
Ова е прв пораз екипата на Пелистер во новата сезона и тоа од директниот конкурент за највисок пласман, екипата на Гостивар. Лидер на табелата е екипата на Воска со 12 бода, Пелистер има 7 бода.
В среда, ќе има нова меѓусебна пресметка на двата клуба, Пелистер во рамките од 1/16 финалето од купот на Македонија му гостува на Гостивар.