На 09.09.2022 во 19.00 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул. „Васил Главинов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода кодијак“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 42 годишник од Битола и мопед „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На подрачјето на СВР Битола денеска (10.09.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола – Полициската станица за општа надлежност во централното градско подрачје во Битола беше остварена средба со повозрасна група на граѓани, со цел превенирање на измами од страна на лица кои најчесто користат повозрасни граѓани. Имено, на граѓаните им беше укажано да бидат особено внимателни во комуникација со непознати, кои најчесто користат измислени приказни, со цел изнудување на парични средства од нив. Сторителите, најчесто телефонски, ветувајќи им огревни дрва, откуп на железо, известувајќи ги за лажни сообраќајни несреќи, нудејќи купопродажба на возила или станови, барајќи организирање на настани и сл., ги доведуваат во заблуда оштетените со цел да остварат парична или друга корист. СВР Битола упати апел до сите граѓани да бидат исклучително претпазливи во комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат фактите и податоците кои им ги кажуваат на телефон, да не даваат пари на измамниците, на нивни посредници и сл., да не се даваат пари на непроверени клиенти и соработници само врз основа на телефонска комуникација и секако сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.