Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер денес ќе се бори против Вардар за Супер купот во Охрид, присутни двете навивачки групи

Денеска ќе се одигра натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер од Битола и Вардад од Скопје, за ракометниот Супер Куп, кој ќе се игра во СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид со почеток во 20 часот. Титулата од минатата сезона ја брани Еурофарм Пелистер, кој во август минатата година го доби дуелот во Скопје. 

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за судиите на натпреварот, а тие во минатата сезона ги водеа шесте официјални натпревари меѓу двете најдобри екипи. Делегати на натпреварот ќе бидат Камер Металари и Драган Начевски.

Најавени се двете навивачки групи “Чкембари“ од Битола и “Комити“ од Скопје. Тоа ќе значи дека покрај борбата за големиот пехар на паркетот, ќе има и навивачка “битка“ на трибините.

More from ВестиMore posts in Вести »