Press "Enter" to skip to content

Во Битола за три дена 16 нови позитивни на ковид-19, оздравени 22, активни 82 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 09.09 до 11.09.2022), направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 16.

Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од Битола се 22.

До сега во Битола има 17.857 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 82 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (09.09 – 11.09.2022) пријавени се 2 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, едно починато лице е од Битола.

Направени се во Битола 47 тестови преку ЦЈЗ Битола 39 и преку “Плодност“ 8.

Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.

More from ВестиMore posts in Вести »