Press "Enter" to skip to content

Отворен првиот Ромскиот здравствен образовен центар во Битола (фотогалерија)

Денеска во урбаната заедница “Димитар Влахов“ во Битола се отвори првиот Ромскиот здравствен образовен центар кој е од особено значење првенствено за ромската заедница, но и за општина Битола во целост, по иницијатива на здружение за развој на ромската заедница “Сумнал“ од Битола и тимот на м-р Фатма Бајрам Аземовска. Ромскиот здравствен образовен центар се отвора во рамките на стратешкото партнерство „Roma HEALTH Care I“ (2017-1-DE02-KA204-004216), здравствената состојба на Ромите во земјите партнери беше комплексно истражена. Во дијалог со релевантните чинители на локално и регионално ниво, се разговараше за резултатите од ова истражување и беа избрани активностите кои можат да се покријат со поддршка на европски проекти и расположливите ресурси на лице место.На отварањето се обратија господин Роналд Шункнехт, Снежана Петровска – раководител на сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ,  Весна Спирковска директорка на  од здравствениот дом  “Д-р Хаим Абраванел“ – Битола и м-р Фатма Бајрам Аземовска претседател на “Сумнал“ – здружение за развој на ромската заедница.-Стратешкото партнерство „Roma HEALTH Care II“ е еден од проектите. Во основа, тоа има за цел подобрување на здравствената состојба на Ромите во земјите партнери. Меѓу другото, тоа особено ќе доведе до: зголемување на бројот на Ромите кои добиваат здравствено осигурување; подобрување на физичкото здравје и исхрана, зголемување на бројот на Роми кои ги користат достапните мерки за превенција од рак, подигнување на вакциналниот статус на возрасните Роми, намалување на бројот на зависници Роми, односно Роми на кои им се заканува зависност, намалување на бројот на несакани бремености и ризикот од венерични болести и подобрување на денталната хигиена, рече на отворањето Аземовска.Благодарница му беше доделена и на Роналд Шункнехт од Германија, за како рече Аземовска, за огромната поддрша во реализацијата на овој проект и сите други проекти со кои се подобри животот на Ромите во Битола.Во име на Општина Битола која е партнер во проектот и на градоначалникот Коњановски, кој ја даде целосната поддршка, зборуваше Снежана Петровска, раководител на секторот образование.-Општина Битола и градоначалникот на Битола ја дадоа целосната поддршка за отпочнување и за реализација на овој проект, кој ќе биде од големо значење и корист од отворањето и работењето, рече Петровска, која во име на градоначалникот на Битоја ја прими благодарницата до “Сумнал“.Фатма Бајрам Аземовска се заблагодари  на градоначалнокот на општина  Битола господинот Коњановски, советниците на општина Битола и контакт точките Виолета Налевска и Симона Јовеска за целата поддршка и усвојување на Здравствениот локален акциски план за Роми.Во проектот Ромите не се само корисници туку и актери. Од една страна, тие се вклучени во елаборацијата на интелектуалните резултати, се обучени како здравствени медијатори и мултипликатори, ќе ги спроведуваат и оценуваат тест-фазите и ќе шират информации за проектот и неговите резултати. Од друга страна, тие ќе учествуваат во мерките за образование на возрасни за подигнување на нивната здравствена компетентност и самите ќе придонесат за подобрување на нивната здравствена состојба на овој начин. Мелиса Комина ќе биде еден од “актерите“, а денес го доби и сертификатот здравствен медијатор за Македонија, со кој ќе може непречено да работи во Ромскиот здравствен образовен центар и да им помага на своите сограѓани.-Обуката за работа во Ромскиот здравствен образовен центар траеше две недели и успешни ја поминав. Задоволна сум од отворањето на центарот, кој ќе има само една цел, да им се подобри здравјето на Ромите. Ромите се маргинализирана група, а се надевам дека со работата на овој центар не само ќе им го подобриме нивното здравје, туку ќе им помогмене и во други сфери од животот. Што се однесува пак за мене, за прашањето за што се определив за медицина, ќе кажам дека е поради тоа што нејзина примена можеме да доприме до поголем број луѓе, да им помогнеме, а на Ромите, бидејќи ним најпотребна им е оваа  помош, рече Мелиса Комина.Инаку, како нагласи Аземовска, ромскиот здравствен образовен центар во Битола ќе нуди о прилагодени мерки за образование на возрасни за подигнување на здравствената писменост кај Ромите, ќе организира работилници, понуди за неформално образование, спортски активности и натпревари, како и образовни и едукативни кампањи.Конкретно активности за превенција на Ромското население ќе бидат добивање здравствено осигурување, редовно спортување, здрава исхрана, користење мерки за превенција од рак, вакцинирање, прифаќање советувања за зависности, прегледи и третмани на забите и други слични активности поврзани со подобрување на здравјето.Активностите ќе ги спроведува едуцираниот тим на Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“ и во соработка со сите поврзани институции, мултипликатори и ромската заедница. Утврдената потреба од Акциска група на заедницата во рамки на #RОМАCТЕD II, реализирана преку Еразмус плус програмата. Ваквата синергија помеѓу заедничката програма на Европската унија и Совет на Европа # РОМАКТЕД II и Еразмус плус програмата финансирана од Европската комисија даде конкретен резултат во насока на подобрување на здравјето на Ромите како маргинализирана група.

More from ВестиMore posts in Вести »