Со полагање цвеќе пред споменикот на народниот херој Стеван Наумов Стив, кај Офицерскиот дом во Битола, денес се одбележаа 80 години од неговото загинување.
Во името на општина Битола, цвеќе положија заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и делегација на Советот на општина Битола, како и претставници на општинската организација на Сојузот на борци, ученици и претставници од ОУ „Стив Наумов“ и членови на семејството на народниот херој.
Дел од учениците се претставија со свои рецитали, посветени на Стив Наумов и неговата желба за ослободување на Македонија.
Стив Наумов, на 22 годишна возраст, во 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски.

Со полагање цвеќе одбележани 80 години од загинување на Стив Наумов
More from ВестиMore posts in Вести »
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Советот на Општина Битола во 2026 година ќе работи по нов деловодник
- Стевче Алушевски е враќа во Еурофарм Пелистер, ќе биде нов тренер
- Во Битола облачно и студено со сончеви периоди, температурата до -3 степени
- Деновиве пред 10 години: во Кравари кај Битола отворена фабриката “Стиза“ за македонски чипс по австралиски рецепт (фото)





