Со полагање цвеќе пред споменикот на народниот херој Стеван Наумов Стив, кај Офицерскиот дом во Битола, денес се одбележаа 80 години од неговото загинување.Во името на општина Битола, цвеќе положија заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и делегација на Советот на општина Битола, како и претставници на општинската организација на Сојузот на борци, ученици и претставници од ОУ „Стив Наумов“ и членови на семејството на народниот херој.Дел од учениците се претставија со свои рецитали, посветени на Стив Наумов и неговата желба за ослободување на Македонија.Стив Наумов, на 22 годишна возраст, во 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски.
Со полагање цвеќе одбележани 80 години од загинување на Стив Наумов
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)