Press "Enter" to skip to content

Нов Еразмус проект на Битолската библиотека

Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ од  Битола м-р Бојан Стефановски оствари состанок со Роналд Шункнехт од германската организација Југендстил. На состанокот се разговараше за новиот Еразмус проект на Библиотеката “Sasas Jekhvar Jekh“ односно за негово продолжување во наредните две години.

Партнерите од Бугарија, Германија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Романија, Србија и Турција избрани се 40 ромски бајки (5 бајки по земја партнер) кои ќе бидат објавени во Европската книга за ромски бајки, а ги опфаќаат сите категории на бајки и ја разгледуваат хетерогеноста на ромските заедници.

Исто така во секоја земја партнер беше идентификувана издавачка куќа подготвена да ја објави книгата за ромска бајка. Најмалку три познати ромски личности од уметност/култура/спорт/економија од секоја земја-партнер се изјаснија дека се подготвени да ја рекламираат книгата за ромска бајка.

More from ВестиMore posts in Вести »