Press "Enter" to skip to content

Со свечена академија и други активности одбележани 26 години од постоење на Општина Могила (фотогалерија)

Општина Могила го 12 септември, денот на основањето на Општина Могила, односно одбележува 26 години постоење, со Свечена академија на Советот на Општината и голем број други активности.Свечена академија на Советот на Општина Могила започна со интонирање на химната на Република Македонија, рецитал изведен од учениците од трите основни училишта, а потоа членовите на играорните групи ја збогатија програмата со изведба на македонски ора и песни.Градоначалникот на Могила Драганчо Саботковски активностите за празнувањата по повод Денот на основањето на Општината рече:-Заедно со Советот и општинската администрација положивме свежо цвеќе на спомен бистите на значајни личности од историјата на Могила како што се Димче Могилчето, Цветков Парашкев, Захарија Василева Шумљанска и Иљо Лопатички. Советниците доделеја благодарници на истакнати личности и фирми кои изминатава година се истакнаа во своето работење и дадоа голем придонес за напредокот на Општина Могила во повеќе сегменти. Наградата 12-ти септември беше доделена за изработката на идејното решение за грбот на Општина Могила, а ја доби Мишко Саботковски за изработка без никаков надомест и додаде:-Градиме чекор по чекор, работиме транспарентно и одговорно, а наша единствена цел е  целокупен развој на општина Могила и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места. Твориме заеднички и секојдневно придонесуваме општина Могила  да ја направиме подобро место за живеење на сите жители. Наша заедничка обврска, на градоначалникот,  на Советот, на општинаската администрација, но и на секој граѓанин поединечно е да влијаеме и да создаваме модерна и просперитетна општина Могила. Општина Могила работи на реализација на бројни проекти од сите сфери на својата надлежност, но морам да напоменам дека сме соочени со бројни предизвици. Долгот кој го наследиме иако е голем успешно го менаџираме веќе 10 месеци и покрај тоа што се соочуваме со економска, здравствена и енергетска криза. Успеавме да воведиме нови проекти и реализираме активности за подобрување на условите за животот на жителите на општина Могила.-На 12 Септевмри,  роденденот на општина Могила, не можеме а да не го  споменеме 8 септември, роденденот на татковината, Република Македонија. Како што одговараме на сите предизвици со коишто се соочува општината, ќе одговориме и на се она со кое се соочува татковината. Не смее да се заборави дека низ нашите вени тече крвта на нашите славни предци, Гоце, Даме, Питу, Димче Могилчето.  Треба да се знае дека во оштина Могила живеат луѓе кои си го почитуваат својот идентитет, јазик, култура  и историја,  и така горди со своето минато со сите сили ќе настојуваме да го сочуваме и да го пренесеме аманетот на идните генерации. Исто како што се грижиме за сопствениот дом, треба да се грижиме и за татковината бидејќи е нашиот заеднички дом и мораме да ја градиме, негуваме и сочуваме. Минато, сегашност и иднина тоа е нашата Македонија, рече Саботковски, кој на крај на своето излагање се заблагодари за соработката, поддршката и придонесот кон општина Могила од сите жители.Претседателката на Совет Маргарита Груевска додели благодарници за освоени награди и признанија, за учеството на многубројни училишни натпревари и постигнатиот одличен успех, на најдобрите ученици во генерација.Инаку, Општина Могила е формирана на денешен ден во 1996 година со Законот за територијална поделба на Република Македонија. Во тој период се формирани се вкупно 123 општини. Во тогашниот состав на Општина Могила припаѓаа 12 населени места. Со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија,  во 2005 година, кон веќе постоечката општина Могила се припои поранешната Општина Добрушево, така што сега во состав на Општина Могила се наоѓаат 23 населени места. На почетокот опстојуваше и ги задоволуваше основните потреби на граѓаните со минимални ресурси, за денес Општина Могила да се развива во модерна општина рамноправна на урбаните средини.

More from ВестиMore posts in Вести »