Синоќа во концертната сала на Офицерски дом во Битола се одржа музички перформанс “Стефанија & Владимир“, во рамките на “Бит фест“ – офф програмата.
Гости на музичкиот перформанс на музичкото дуо, беа Анастасија Центар – танцов перформанс од Битола, “Dadoni Trumpet“ и Анастасија Центар – вокална група.
Синоќа присутните имаа прилика да слушаат авторски песни на “Стефанија & Владимир“ од новиот музички албум, кој е симбол за верба, себеспознавање и вистинска љубов, кои пред битолската публика ги исполнија со многу емоции и оставија впечаток кај присутните.
Музичкиот перформанс беше целосно аудио – визуелно доживување и беше уживање на присутната публиката во концертната сала на Офицерски дом Битола.
Перформансот остави кај присутите силен авторски музички израз и енергија која дополнета со кореографија, игра на светло и звукот на трубата ја направи оваа вечер да биде над очекувањата.
Инаку, музичкото дуо “Стефанија & Владимир“ е македонско – српско дуо кое настана во 2019 година, а веќе следната година го започнаа снимање на нивниот музички албум “Трилогија“, кој се состои од 30 песни и се снима во музичкото студио „Welcome to Stefanija’s Music World”.
Стефанија е главен вокал, композитор, текстописец, аранжер и продуцент, а Владимир се појавува како гитарист, вокал, текстописец и аранжер.
Нивниот печат е авторска музика, длабоки текстови кои пренесуваат животни пораки, танцова експресија и препознатлив моден стил. Тоа е причината за учеството на современи танчери како дел од нивните перформанси.

“Стефанија & Владимир“ и нивните гости со одличен музички перформанс во Офицерски дом (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from КултураMore posts in Култура »
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“










