Синоќа во концертната сала на Офицерски дом во Битола се одржа музички перформанс “Стефанија & Владимир“, во рамките на “Бит фест“ – офф програмата.Гости на музичкиот перформанс на музичкото дуо, беа Анастасија Центар – танцов перформанс од Битола, “Dadoni Trumpet“ и Анастасија Центар – вокална група.Синоќа присутните имаа прилика да слушаат авторски песни на “Стефанија & Владимир“ од новиот музички албум, кој е симбол за верба, себеспознавање и вистинска љубов, кои пред битолската публика ги исполнија со многу емоции и оставија впечаток кај присутните.Музичкиот перформанс беше целосно аудио – визуелно доживување и беше уживање на присутната публиката во концертната сала на Офицерски дом Битола. Перформансот остави кај присутите силен авторски музички израз и енергија која дополнета со кореографија, игра на светло и звукот на трубата ја направи оваа вечер да биде над очекувањата.Инаку, музичкото дуо “Стефанија & Владимир“ е македонско – српско дуо кое настана во 2019 година, а веќе следната година го започнаа снимање на нивниот музички албум “Трилогија“, кој се состои од 30 песни и се снима во музичкото студио „Welcome to Stefanija’s Music World”.Стефанија е главен вокал, композитор, текстописец, аранжер и продуцент, а Владимир се појавува како гитарист, вокал, текстописец и аранжер.Нивниот печат е авторска музика, длабоки текстови кои пренесуваат животни пораки, танцова експресија и препознатлив моден стил. Тоа е причината за учеството на современи танчери како дел од нивните перформанси.
“Стефанија & Владимир“ и нивните гости со одличен музички перформанс во Офицерски дом (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска