Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер ги претстави засилувањата, кошаркарите викендов на турнир во Бугарија

Кошаркарите на Пелистер од Битола ги одработуваат подготовките за наредната сезона, во која влегуваат како вицешампиони под раководство на тренерот Марјан Илиевски.

Илиевски за оваа сезона има девет нови кошаркари кои официјално беа претставени синоќа на тренингот во спортската сала “Боро Чурлевски“ Битола, за домашното првенство и АБА2 лигата.Во тимот на Пелистер има комплетна смена на интернационалците, а во клубот се вратија неколку кошаркари од школата.

Хаџифејзовиќ, Мустафица, Сапунџиев, Јовановски, Ристовски, Двојаковски и Американците Донтеј Карутерс и Рајл Овенс се новајлиите во тимот на Пелистер.  Од Битола си заминаа Кесар, Малешевиќ, Крстајиќ, Хотон, Младеновиќ и Ѓуроски.

Утре “пелистерци“ заминуваат за Бугарија, во Плевен каде ќе играат на турнир.

More from ВестиMore posts in Вести »