РК Еурофарм Пелистер од Битола ја известува јавноста дека в среда од 12 часот ќе одржи брифинг во сегментот пред клупските простории на кој по освоениот Суперкуп ќе зборуваат Марко Кизиќ и Усама Хосни. На истото место трофејот ќе биде изложен од 12:00 до 14:00 часот и присутните ќе може да се фотографираат и да се дружат со ракометарите. Дел од манифестацијата ќе бидат и најмладите членови на академијата на клубот.
Заинтересираните ќе може да го купат новиот дрес на Еурофарм Пелистер за сезоната 2022/23 по цена од 1,850 денари и сезонскиот билет за сите натпревари во сите натпреварувања на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 по цена од 4.500 денари.
Капитенот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ денес пред почетокот на натпреварот против Голден Арт (17:00 часот) ќе го претстави трофејот од Суперкупот на Македонија пред битолската публика. Пехарот ќе биде изложен и за време на натпреварот и присутните во салата ќе може да се фотографираат со него.
Продажба на влезници во “ДИМПО Тобако“ и “Бродерс Тобако“ како и на https://kartieurofarm.mk Цена на билет 100ден