После 30 години Битола добива прифатилиште за бездомни животни кое ќе го носи името на најверното куче на светот – Хачико, велат од “Поинаку“ и додаваат:
-Битола цели 30 години чека прифатилиште за бездомни животни. 30 години, апсолутно ни една локална самоуправа не покренала никаква иницијатива за решавање на овој проблем!ѓ И после сите политички игри, ширење на хистерија, обвинувања и лаги, денес со гордост можам да кажам дека нашата верност кон вас, преточена од приказната на “Хачико“, станува реалност, вели Габриела Илиевска од “Поинаку“, претседател на Советот, каде денес на седницата се расправаше за изградбата на прифатилиштето.
-За 10 месеци имаме локација, проект, дозвола за градба, завршена целосна подготовка за поставување на приклучоци за водовод и канализација, нарачани боксови, средства обезбедени со ребаланс, вели Илиевска и додаде:
-И најважното за кое денес сме посебно горди, донација во вредност од 600.000 денари од Фондацијата Бибевски за изработка на ограда. Фондацијата со која “Поинаку“ има потпишан меморандум за соработка пред избори, а по донесувањето на денешната одлука и меморандум со Општина Битола. Со ова за краток период ќе завршат градежните работи за надворешниот дел од прифатилиштето и во рок од 30 дена очекуваме дозвола од Агенција за храна и ветеринарство. Наредна година со следниот буџет за 2023 година обезбедени 40 милиони за изградба на целиот објект.