Press "Enter" to skip to content

Ротари Клубот Битола Широк Сокак го објави вториот ликовен конкурст во чест на Татјана Петрова

По повод одбележувањето на 21 Септември, Светскиот ден на мирот, а во чест на Татјана Петрова, Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“, организира награден ликовен конкурс на тема: „Цртаме за мир“. Денот на мирот секоја година традиционално се одбележува со цртање, но оваа година по втор пат, настанот ќе биде одбележан со награден ликовен конкурс во чест на упокоената, почитувана Ротаријанка Татјана Петрова.

Целта на овој ликовен конкурс е да се поттикне креативноста кај децата и младите, како и да се поттикне нивниот интерес кон ликовната уметност, но и да се подигне свеста за важноста и значењето на мирот во светот. Конкурсот е наменет за ученици од 1-9 одделение од основните училишта, ученици од 1-4 година во средните училишта од Битола. Право на учество во конкурсот имаат сите млади до 18 години. Заинтересираните може да учествуваат со цртежи изработени во која било техника, форма и големина.

Наградата ќе го носи името Татјана Петрова, член на Ротари Клубот Битола Широк Сокак, која трагично го загуби животот во борбата со Ковид-19. На задната страна на секој цртеж треба да има име и презиме на ученикот и контакт телефон, училиште во кое учи.

Конкурсот за доставување на поетски творби започнува од 13.09.2022 година и ќе трае до 22.09.2022 година. Секој учесник има право да учествува со една ликовна творба на тема за мирот. Цртежите ќе се доставуваат во просториите на МКЦ Битола (улица: Цар Самоил бр. 29)- Битола, секој работен ден од 09-16 часот. Изложбата од сите пристигнти цртежи ќе биде поставена во малата сала на Музеј Битола на ден 25.09.2022 година, а истиот ден ќе бидат прогласени и наградените учесници

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »