Press "Enter" to skip to content

Утре конвенција по прва помош на Црвен крст во Битола, на 24 локации, на Широк Сокак, Стара чаршија…

Утре, сабота битолчани на конвенцијата на Црвениот крст, по повод светскиот ден на првата помош, на 24 локации низ Битола ќе имаат ретка прилика на лице место да видат и да се потсетат на нивните знаење за прва помош, заедно со волонтерите на оваа организација од сите општински организации од Македонија. 

-Битолчани и нивните гости утре во текот на денот на различни локации, на Широк Сокак од плоштадот “Магнолија“ до Офицерски, во старата битолска чершија, на платото кај Офицерски, на Булеварот, пред Црвен крст ќе имаат од прва рака можност да видат како се изведува спасување на живот, но и самите да испробаат белодробно оживување, прва помош на скршеници, помош при епилептични напади и други интервенции кои ќе ги изведуваат волентерите на Црвениот крст, вели д-р Лилјана Ристевска, претседател на ОО на Црвен крст Битола.

За тоа како битолските волентери на Црвениот крст ќе се претстават Ристевска додава:

-Општинската организција на Црвен крст од Битола, како единствената лиценцирана организација која го едуцира населението и возачите во однос на првата помош, секогаш работи на унапредување на на квалитетотот на првата помош. Затоа одлуќивме утре сите општински организации од државата, во Битола, да го покажат своето знаење, секако заедно со битолчани. На овој начин сакаме, и се надеваме дека ќе ја зголемиме свеста и ќе покажеме дека првата помош е многу значаен сегмент во нашето општествено живеење. Само така ќе имаме што повеќе спасени човечки живот, на патиштата и на секое друго место каде има потреба од спасување.

More from ВестиMore posts in Вести »