Press "Enter" to skip to content

Реми во Битола, “домаќинот“ Еурофарм Пелистер 2 му зеде бод на фаворитот Еурофарм Пелистер (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 28:28 (14:12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, Гледачи: 600
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола

Еурофарм Пелистер 2: Јовановски, Печурица, Јанковски, Ристевски, Кукуловски 1, Митревски, Димовски, Димитровски, Николовски, Талевски 2, Петровиќ 5, Пет. Атанасијевиќ 7, Ивановски 6, Белистојановски 1, Блажевски 3, Арсеновски 3

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Ојлески 1, Кузманоски 1, Стоилевски, Радовиќ 9, Танкоски, Хосни 5, Костески 1, Вилсон 3, Кукоски, Ѓорговски, Васиљев 3, Суси 4, Пешевски 1, Пав. Атанасијевиќ.Во рамкире на 3. коло на групата “Б“ на Суперлигата во Битола се одигра првото градско ракометно дерби оваа сезона, помеѓу екипите на двата клуба кои носат името Еурофарм Пелистер, во која “двојката“ испушти можност да го победи “поголемиот брат“, а натпреварор заврши реми 28:28, полувреме 14:14. Екипата на Еурофарм 2 имаа +2 во самиот финиш, но не успеаја да победат.На стартот на натреварот “помладите“ се одлепија и поведоа со +3. Потоа следуваше изеданачен натпревар, а Еурофарм Пелистер во 17. минута и поведе со +1 (9:10). На одмор се замина со +2 за Еурофарм Пелистер 2 (14:12).И второто полувреме започна изедначено. Повеќе мотивираните ракометари на Јовиќ во 48. минута имаа +2, а со таа разлика се влезе и во последните пет минути. Во 59. минута Еурофарм Пелисер имаше напад за израмнување, но наместо реми “двојката“ постигна гол  за +2 и со 28:26 се влезе во последната минута. Со гол на Радовиќ, а потоа и на Васиљев се постигнаа конечниот резултат 28:28.Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Радовиќ со девет и Хосни со по 5 гола, а кај Еурофарм Пелистер 2 Петар Атанасијевиќ со 7 и Мартин Ивановски со 6 гола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »