Press "Enter" to skip to content

Денес засилена акциска контрола, 55 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола 

Денеска, 17 сепрември, во времето од 07:00-12:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 55  возачи.

Од нив 39 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  

More from ВестиMore posts in Вести »