Press "Enter" to skip to content

Пожар, сообраќајка, пискотници, повредени, полиција, брза помош, прва помош… Црвен крст со симулација на Широк Сокак (фотогалерија)

Денес на Широк Сокак, на крстоницата кај хотел “Епинал“ во Битола се одржа симулација на спасување на лица заробени во пожар, давање прва помош при случена сообраќајка, укажување на прва помош од страна на волонтерите од Црвениот крст, се доаѓање на лекарите на брза помош и транспортирање на повредените до болницата.Целата симулација ја проследина битолчани кои денес се затекнаа на самото место, како и членовите од сите организации на Црвен крст од Македонија, денес гости во Битола.Симулационата вежба започна со дојава до противпожарната единица од Битола и нивно престигнување и започнување со спасување на заробените и поврдени лица во пожарот.Битолчани ја проследија показната вежба во која пожарникарите за брзо време ги поставија мобилните скали и ги извадија повредените на кои прво им беше укажана прва помош од страна волонтерите од Црвениот крст, а потоа беа транпортирани.Потоа следуваше и симулацијата на сообраќајка на пешачкиот премин кај “Епинал“ во која учествуваа комбе и моторцикл, во кој повредените до доаѓањето на лекарите од брзата помош беа згрижени од волонтерите и им беше укажана прва помош.Со оваа симулација, како рекоа од Црвениот крст, целта им била на присутните граѓани да им го покажат значењето на укажувањето на првата помош и колку влијае врз спасувањето на животите, според она пто го имаа научено, извежбано и денес прикажано на самото место волонтерите.Симулационата вежба која денес се одржа беше само еден дел од Конвенцијата на прва помош која се одржа во Битола, а на која присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој како лекар по професија, застана до волонтерите и ги надгледуваше како ја изведуаваат и ја применуваат првата помош во првите моменти по несреќата и пожарот.На конвенцијата на прва помош која се одржа во Битола која учествуваа сите организации на Црвениот крст од цела Македонија,а 24 пунктови, десетина на Широк Сокак кад освен прикажувањето на тоа како се изведува прва помош при сите животозагрозувачки состојби, учесниците ги искористија и за промоција на знаменитостите од своите градови.Секако најпосетен и најмногу внимание привлече штандот на Битола.Претходно сите волонтери од организациите на Црвенито крст имаа дефиле по Широк Сокак до Офицерскиот дом, каде им се обратија Лилјана Ристевска, претседател на Црвен крст Битола и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Фото: Дамјана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »