Синоќа во храмот “Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола се одржа 4. по ред концерт на византиско црковно пеење. Пред почетокот на фестивалот Благослов на фестивалот даде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Господин Петар.
Црквата “Рождество на Пресвета Богородица“- Битола, каде и се одржа фестивалот беше претесна да ги прими сите верници кои сакаа да присуствуваат на овој несекојдневен концерт, кој како и претходните три фестивало привлече голем број верници.
На фестивалот свое учество зедоа детскиот црковен хор “Св. Стилијан“ од Битола, машкиот црковен хор “Св. Ахил Преспански“ од Ресен, женскиот црковен хор “Св. Макрина“ од Битола и машкиот црковен хор “Св. Нектариј Битолски“ од Битола.
Фестивалот е организиран во рамките на “Бит фест“ во фестивалската “оф програма“, а во организација на Преспанско Пелагониската Епархија.
Фото: Преспанско Пелагониската Епархија

Византиско црковно пеење во храмот “Рождество на Пресвета Богородица“
More from ВестиMore posts in Вести »
- По два дена во Маврово, ракометарите вечерва тренираа во “Јане Сандански“
- Билтен на МВР: приведен крадец-украденото вратено, нападната жена од лице со кое била претходно во врска
- “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: го зајакнуваме партнерството меѓу полицијата и заедницата
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност
More from КултураMore posts in Култура »
- “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Библиотеката започна со одбележување на 78. роденден, први гости децата од средно училиште за рехабилитација и образование (фото)
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом