Синоќа во храмот “Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола се одржа 4. по ред концерт на византиско црковно пеење. Пред почетокот на фестивалот Благослов на фестивалот даде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Господин Петар.Црквата “Рождество на Пресвета Богородица“- Битола, каде и се одржа фестивалот беше претесна да ги прими сите верници кои сакаа да присуствуваат на овој несекојдневен концерт, кој како и претходните три фестивало привлече голем број верници.На фестивалот свое учество зедоа детскиот црковен хор “Св. Стилијан“ од Битола, машкиот црковен хор “Св. Ахил Преспански“ од Ресен, женскиот црковен хор “Св. Макрина“ од Битола и машкиот црковен хор “Св. Нектариј Битолски“ од Битола.Фестивалот е организиран во рамките на “Бит фест“ во фестивалската “оф програма“, а во организација на Преспанско Пелагониската Епархија.Фото: Преспанско Пелагониската Епархија
Византиско црковно пеење во храмот “Рождество на Пресвета Богородица“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска