Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена марихуана -приведен дилер, синоќа 14 возачи возеле под дејство на алкохол

На 18.09.2022 полициски службеници од Полициската станица Битола и криминалистичката полиција при СВР Битола извршија претрес во дом во Битола и патничко моторно возило во сопственост на 38 годишник од Битола. При претресот е пронајдена и одземена марихуана, дробилки и други предмети со траги од марихуана. Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.
 
Во текот на изминатата вечер (17/18.09.2022)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 14 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци.  Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила
More from ВестиMore posts in Вести »