Press "Enter" to skip to content

Во капелата “Св. Петар“ на врвот Кајмакчалан заврши одбележувањето на Денот на српското единство и знаме (фото)

Со одржување на панихида за загинатите во малата капела на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе, на границата со Грција, завршија празнувањата по повод одбележување на Денот на српското единство и националното знаме, кои беа организирани од страна на Заедницата на Срби во Македонија од Битола.На врвот Кајмакчалан со полагање на цвеќе им беше оддадена чест на за загинатите во Првата свестка војна, кои уште се нарекуваат “Дивјунаци“, а цвеќе положија пратеникот во македонското собрание Иван Стоилковиќ, Зоран Жугиќ од Заедницата на Срби во Македонија од Битола, претставници на Република Србија и други делегации.Во капелата се одржа и панихида и културно уметничка програма, а беше посетена и спомен костуницата која се наоѓа стотина метри под капелата.Претходно, во петокот се одржа конференцијата на тема “Србите во Македонија и Србија“ во киното “Манаки“ во Битола.Свеченостите започнаа со полагање на цвеќе на Српските гробишта во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »