Деновиве во Корча е реализиран проект „Билатерална соработка на библиотекари од НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола со колеги од библиотеката “Тими Митко“ од Корча, и презентација на библиотечни програми во услови на пандемија искуства на македонски и албански библиотекари во Корча“ каде што беа разменети искуства од областа на библиотечното работење.Координатор на проектот и предавач м-р Јелена Петровска со презентација насловена како „The impact of the Libraries in the time of Covid” (Активности на библиотеките во времето на Ковид) зборуваше за можности за реализација и работа на библиотеките во сложени услови поврзани со пандемија.
Со другиот дел на презентацијата беа претставени најуспешните и иновативните проекти кои библиотеката ги има реализирано како во државата, така и во меѓународната соработка.
На покана на координаторот на средбата активно учество зедоа библиотекарите од Библиотека од Гостивар, како и библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ кои работат на проекти и во библиотечната дејност. Се покажа дека е можна дисеминација на проекти и знаења, но уште поважно дека проектите можат да бидат во функција за градење на ефикасниот тим во остварувањето на библиотечните активности.
На Средбата беа присутни и претставници на Универзитетот од Корча кои најавија интерес за соработка со нашиот Универзитет, а целиот настан беше проследен од присутните медиуми и новинари кои имаа повеќе прашања за функционирање на библиотеките во Македонија. Во Корча е потпишан Меморандум за соработка во областа на библиотечната дејност.

Библиотекари од Битола на работна средба со колеги од библиотеката во Корча
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски
- Пораз на Еурофарм Пелистер, Алкалоид со прва победа во Битола (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Во четврток отворање на изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски
- Промоција на книгата “Детски песни за учење лесни“ од Ирена Цветкова
- “Баница 1903 – стратегот на Македонскиот универзум“ е ново книжевно дело на Зоран Пејковски
- Во Битола ќе се слави светскиот ден на пијаното