Денес на површина од 3,500 метри квадратни, започна со работа новиот битолски пазар на големо, или како битолчани го викаат продажба од камиони, кој е сместен кај “Сточниот пазар“ во Битола со кој стопанисува ЈП “Пазари“ од Битола. Пазарот на големо сега е на чиста, оградена и уредена површина, со сите неопходни услови за сите закупци на земјоделски производи и им нуди: подлога со гребен асфалт, тоалети, вода, лед oсветлување, паркинг за лесни возила, а целиот простор е целосно ограден.Од денес продавачите и купувачите добија пазар за продажба на големо, а продавачите од можат бесплатно да го користат овој простор обезбеден од ЈП “Пазари“ за продажба на своите производи, а со отворањето на овој нов пазар се стави крај на продажбата на диво, на паркинзи и зелени површини, и по улици низ Битола.
Кај “Сточниот пазар“ во Битола започна со работа пазар на големо, продавачите бесплатно го користат
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)