Денес на површина од 3,500 метри квадратни, започна со работа новиот битолски пазар на големо, или како битолчани го викаат продажба од камиони, кој е сместен кај “Сточниот пазар“ во Битола со кој стопанисува ЈП “Пазари“ од Битола. Пазарот на големо сега е на чиста, оградена и уредена површина, со сите неопходни услови за сите закупци на земјоделски производи и им нуди: подлога со гребен асфалт, тоалети, вода, лед oсветлување, паркинг за лесни возила, а целиот простор е целосно ограден.
Од денес продавачите и купувачите добија пазар за продажба на големо, а продавачите од можат бесплатно да го користат овој простор обезбеден од ЈП “Пазари“ за продажба на своите производи, а со отворањето на овој нов пазар се стави крај на продажбата на диво, на паркинзи и зелени површини, и по улици низ Битола.

Кај “Сточниот пазар“ во Битола започна со работа пазар на големо, продавачите бесплатно го користат
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пораз на Еурофарм Пелистер 2 во Кавадарци
- По два дена во Маврово, ракометарите вечерва тренираа во “Јане Сандански“
- Билтен на МВР: приведен крадец-украденото вратено, нападната жена од лице со кое била претходно во врска
- “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: го зајакнуваме партнерството меѓу полицијата и заедницата