Press "Enter" to skip to content

Ненад Костески уште три години во Битола, денес потпиша нов договор

Еурофарм Пелистер денес потпиша нов договор со десното крило Ненад Костевски и со тоа  заврши голема работа, а со договорот  македонскиот репрезентативец останува во Битола најмалку уште три години. Претходно во јуни 2020 година Еурофарм Пелистер постигна договор со ППД Загреб и го откупи договорот на Ненад Костески.За 21 годишниот Костевски оваа сезона е трета по ред сезона во Битола, а во Битола ќе биде до 2025 година, тој денес при потпишувањето на договорот  изрази задоволство од тоа како се развива неговата кариера во Битола и рече:

-Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола. Наскоро ќе ја дознаеме групата во Европската лига, сите ја очекуваме. Ќе биде тешко, но ние имаме тим и капацитет, па се надевам дека ќе ја минеме групната фаза и ќе продолжиме понатаму.

 

More from ВестиMore posts in Вести »