Press "Enter" to skip to content

Тимот на “Јавен Адвертајзинг“ на саемот во Солун организиран од Обединети Арапски Емирати (фото)

Тимот на “Јавен Адвертајзинг“ кој е верифициран центар за образование од областа на програмирањето, дигиталниот маркетинг, графички дизајн, бази на податоци  беше дел од саемот за дигитализација и современи технологии во Солун, кој се одржа деновиве, кој беше организиран од Обединетите Арапски Емирати.По разговорите и презентациите на саемот од страна на тимот на “Јавен Адвертајзинг“ склучена е соработка со компании од Обединети Арапски Емирати со цел размена на знаење и работа на заеднички проекти, ни рече Ана Ристевска, сопственик и управиел на компанијата, која додаде:-Воедно од саемот беа превземени најновите светски практики и трендови во IT секторот со цел имплементирање на истите во Академиите и обуките што ги организира “Јавен Адвертајзинг“, како и во сите нивни услуги.Исто така склучени беа и голем број на нови соработки со интернационални компании каде студентите на “Јавен Адвертајзинг“ ќе бидат препорачувани за вработување, и да работат на најразлични софтверски и дигитални проекти.Покрај многубројните соработки, превземени беа и најновите практики во однос на енергетската ефикаснот и користење на смарт уреди во домовите и деловните простории, како да се зголеми свесноста за ефикасно користење на енергијата и како може истата поефективно и поефикасно да се користи во секојдневниот живот.“Јавен Адвертајзинг“ секогаш во чекор со најновите светски трендови – порачува тимот од оваа компанија.