Press "Enter" to skip to content

Зајакнување на соработката помеѓу Општина Битола и Сојузот на спортови – Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателот на општинскиот Сојуз на спортови, Сашко Павловски, денес потпишаа Меморандум со кој се дефинира долгорочната соработка помеѓу двете страни.

На овој начин, согласно законската регулатива, општината и Сојузот на спортови, заеднички ќе учествуваат во реализација на програмите од масовен карактер и јавен интерес во областа на спортот, а продолжува и реализацијата на традиционалните манифестации, како ноќната атлетска трка и изборот на “Спортисти на годината“.

Во насока на поттикнување на младите на спорт и спортски активности, дел од Меморандумот е и идната реализација на проекти од областа на спортот, со масовен опфат на населението со спортски и спортско – рекреативни активности, без разлика на возраст, пол, национална или верска припадност.

 

More from ВестиMore posts in Вести »