Press "Enter" to skip to content

Потпишан договор за соработка помеѓу УКЛО и “МаРнет“

Денес во Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола беше потпишан договор за соработка помеѓу УКЛО –  Битола и Македонската истражувачка мрежа “МаРнет“ со кој се уредува начинот на кој ќе се реализира соработката и на кој начин ќе се користи експертизата и ресурсите обезбедени од УКЛО.Договорот за соработка го потпишаа ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски и директорот на “МаРнет“ – Тони Божиновски.Според договорот “МарНет“ е  носител на проектот и ги застапува двете страни од Договорот при учество во заедничкиот проект.

More from ВестиMore posts in Вести »