Press "Enter" to skip to content

Фирма од Битола платила 4.560 евра за пелети од Романија, не им ги доставиле

Во СВР Битола, 42-годишен сопственик на правен субјект од Битола пријавил дека бил измамен од правно лице од Романија за сума од 4.560 евра.

-Според пријавеното, тој се договорил со правното лице за купување пелети и ги уплатил средствата, но откако се посомневал во фирмата ја откажал нарачката, информира МВР.

Како што е пријавено, парите не му биле вратени за два дена како што му било ветено, а претставникот на фирмата веќе не бил достапен.

Се работи на расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »